Полициски службеници од Полициската станица Свети Николе вчера во 16:15 часот ја лишиле од слобода А.П.(19) од село Горобинци, светиниколско, поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело „кражба“.

Таа, ноќта сабота кон недела во 01:00 часот отишла во куќа сопственост на М.Ј.(79) на ул.„4-ти Јули“ во Свети Николе и под изговор дека ѝ било ладно, побарала да влезе и да се стопли.

М.Ј. ја пуштил внатре и во еден момент кога излегол од собата, од дрвено сандаче одзела пари во износ од 301.700 денари во разни апоени, по што ја напуштила куќата.

Парите му биле вратени на сопственикот, а против А.П. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.