Ноќеска десетина минути по полноќ на ул.„515“ во Скопје, патничко возило „Опел Вектра“ удрило во полициски службеник, во пределот на ногата, кој преземал службени дејствија, односно дал знак за запирање на возилото.
Веднаш се преземени соодветни мерки и возилото било пронајдено на ул.„512“. Во возилото била пронајдена марихуана, два мобилни телефони и алкохолни пијалоци. Утврдено е дека возилото е сопственост на З.Н. (60) од село Желино, тетовско.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.