Дваесет и пет годишниот Енвер Тоска, полицаец од Битола, доби казна затвор од 18 години за свирепото убиство на својот сограѓанин, 36-годишниот Алили Бекир, соопшти портпаролот на прилепскиот Основен суд, судијата Жарко Велески. Пресудата ја донесе судечкиот совет со кој заседаваше судијата Ѕвонко Младеноски.
Судењето на обвинетиот Тоска заврши вчера и тоа за брзо време откако Тоска ја призна вината за убиството што се случи на 14 септември минатата година.
Тоска беше обвинет за убиство со умисла бидејќи, според прилепското Јавно обвинителство, тој претходно го планирал кривичното дело, го однел Бекири кај селото Беловодица, го убил и потоа го полил со бензин и го запалил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.