Одделот за криминалистичка полиција во содејство со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Единица за недозволена трговија со дрога при Министерството за внатрешни работи и Царинската управа пресече канал за трговија на хероин.
Во средата на Граничен премин „Табановце“, при преглед на автобус со швајцарски регистарски ознаки, кој сообраќал на релација Гостивар – Берн, Швајцарија, под задните седишта пронајдена е кеса во која имало две пакувања со околу еден килограм хероин. Дрогата била одземена, а по извршеното вештачење било утврдено дека станува збор за хероин со тежина од 998,63 грама.
Во Полициската станица Куманово биле приведени К.П. (41) и А.Б. (38), двајцата од село Долно Количани-Скопје, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.