Вчера околу 15,25 часот било пријавено дека на улица „Македонски револуционери” во Пробиштип во сопствениот дом бил пронајден починат М.Т.(52).

Според првичните сознанија, смртта најверојатно настапила како последица од труење од истечена плинска боца.

Починатиот М.Т. бил пронајден од неговиот брат Б.Т.(55), кој кога влегол во просторијата исто така паднал во бесознание, по што со помош на други роднини бил пренесен во Медицински центар Штип, каде му била укажана лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.