Вчера околу 11 часот, од страна на лекар во Итна медицинска помош во Демир Хисар, пријавено е дека во Здравствениот дом во Демир Хисар донесен е М.Р. (54), од с.Обедник, со повреда на лева надколеница предизвикана за време на лов.

По негово кажување, со повредата се здобил во с.Обедник на место викано „Локва“ при испукување на куршум од ловна пушка од страна на С. Ѓ. (52), исто така од с. Обедник.

Извршен е увид по овластување на јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.