Поранешниот претседател на Собранието во целост го поби обвинението за кое се терети поврзано со настаните од „27 април“. На денешното рочиште тој со документи покажа дека имал најмалку десет обиди да закаже конститутивна седница за избор на претседател на Собранието, но оти не биле создадени деловнички услови.

Тој уште рече и дека на пратеникот Зекирија Ибраими морал да му даде збор бидејќи бил заменик координатор на пратеничкка група.

За потсетување, кога Ибраими излезе на говорницата почна да ја пее албанската химна што беше повод незадоволните граѓани да влезат во Собранието.

Вељановски истакна дека Спасовски од СДСМ бил упорен нивната коалиција да го има претседателот на комисијата за избори и именувања, но оти тоа не било прифатено.
Подоцна тој прифстил и за прв човек на оваа комисија бил избран Илија Димовски, а за заменик Зоран Илиевски, и двајцата од ВМРО-ДПМНЕ.

На тој начин на 23 март 2017 година се создаде деловника можност за избор на претседател на комисијата за избори и именувања, потсети Вељаноски.

Тој направи споредба со денешната седница на Собранието и дека нема да биде избрана комисија за избори и именуцања туку дека директно ќе се оди на точката за избор на претседател на Собранието.

Секојдневно држев координации само да се постигне договор, додаде поранешниот спикер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.