Четири лица добија кривични пријави за измама на жител на Дебар на кого му кажале дека сакаат да го купат неговиот „мерцедес“.
По договорената купопродажба, измамениот го оставил автомобилот во двор кај еден од измамниците и со друго двајца заминал на Косово, каде што наводно требало да земата пари за да му платат.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.А.(29) и А.А.(22) поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „измама“ и против Р.Е.(55) и Р.Е.(31), сите од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „прикривање“.
На 19.01.2021 провпријавениот го довел во заблуда оштетениот Б.Ќ. од Дебар дека сака да го купи неговото патничко моторно возило марка „мерцедес Ц 350“ со американски национални ознаки и се договориле возилото да го остави во двор кај трето и четвртопријавениот каде бил присутен и второпријавениот кој на оштетениот му рекол дека тој ги нема парите кај него, а парите ќе му ги даде првопријавениот кој во моментот бил во Косово.
Оштетениот заедно со двајца пријатели заминале во Косово да ги земат ветените пари, а за тоа време трето и четврто пријавениот му дозволиле на второпријавениот да го земе возилото и да го однесе во непознат правец – информираат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.