Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 26-годишник од тетовското село Боговиње, поради сомение за сторено кривично дело измама.

Како што информираат од МВР, на 4 декември минатата година, во Гостивар, 40-годишник од прилепското село Лажани, по претходен договор, откупил возило од пријавениот.

Два дена подоцна тие се сретнале во угостителски објект во Тетово за да направат купопродажен договор, по што пријавениот му ги оставил сообраќајната дозвола и личната карта и со возилото заминал.

По тоа, прилепчанецот повеќе пати се обидел телефонски да стапи во контакт со пријавениот, но тој бил недостапен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.