Вчера со часови без стрија биле неколку реони во Битола. Без струја останале и зградата на Општината Битола, Пелагонка 2, Центарот за култура, реонот кај библиотеката, Стевче Патако, а и дел од Баирот.
Без струја и телефони била и Противпожарната единица во Битола.
Иако засега од ЕВН не кажуваат кои се причините за пожарот, сепак од засега непотврдени извори, наводно, глушец кај поранешната телевизија „Орбис“ го предизвикал пожарот, објави Нова Македонија.
Без снабдување со електрична енергија, покрај делови од градот биле и селата Дихово, Трново, Магарево, Ротино, Нижеполе, Ѓавато.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.