Главната расправа за случајот „Титаник“ која беше закажана за утре се одлага за 24 август, а утре ќе се одржи расправа со завршни зборои за предметот „Тендери“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот ја информираме јавноста дека главната расправа за предметот со КОК бр. 7/18 од обвинителството означен како „Титаник“, насрочена за 13.07.2021 година, се одлага со оглед да истовремено е насрочена и расправа по предметот со КОК бр. 64/17 од обвинителството означен како „Тендeри“ по кој постапува истиот судечки совет и за која расправа е предвидено да се започне со давање на завршните зборови. Следната расправа за предметот „Титаник“ е насрочена за 24.08.2021 година во 10:00 часот за што веќе се известени странките во постапката, стои во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.