Ангела Ѓорѓиевска (22) изјави дека не се чувствува виновна за смртта на Пинета Секондо-Пино, бидејќи ништо од тоа што е наведено во обвинението не го сторила.
Освен Ѓорѓиева, за убиството на Пино е обвинет и Фуркан Али (27), но тој е во бегство.
26 годишниот Пинета (Пино) Секондо беше исчезнат од декември лани, а случајот во полиција беше пријавен од неговата мајка. Потрагата по Пино траеше повеќе од пет месеци, се до 29 април годинава, кога непознат граѓанин во полиција пријави дека во атарот на скопското село Љуботен е пронајден човечки скелет покриен со камења за кој се утврди дека станува збор за исчезнатиот Пино. Два дена подоцна, на 31 мај, МВР до Основното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Али Фуркан(27) и Ангела Ѓорѓиевска (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело „убиство“ сомневајќи дека тие се виновни за смртта на Пино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.