Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против С.Д. (58) од Велес за сторено кривично дело „примање поткуп”.
На 07.06.2018 година во Велес, во ЈЗУ Општа Болница Велес, пријавената, вработена како гинеколог – акушер во наведената болница, од В.П. побарала 50 евра без напомена за каква здравствена услуга се наменети, по што сопругот на В.П. и го дал на истата бараниот износ.
По ова, наведениот паричен износ не бил наведен во фискалната сметка за здравствените услуги на оштетената. На 26.06.2018 година во Велес, пријавената и нејзиниот сопруг, го убедувале сопругот на В.П. да ја повлече пријавата, при што му вратиле 50 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.