Шеснаесетгодишно момче од Тетово, беше приведено вчера од страна на полициски службеници од СВР Тетово.

Од слобода е лишен 16 годишен малолетник од Тетово, постапувајќи по претходна пријава во 13,50 часот од Д.К.Ш.(39) од Тетово за постоење основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „телесна повреда во семејно насилство“ и напад на полициски службеник при вршење на работа од безбедноста, соопштија од МВР.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.