Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, во содејство со ПО Чегране, вчера наутро во 6:45 часот извршиле претрес во домот и помошните простории на 42-годишниот Р. М. во гостиварското село Чајле.

Како што информираат денеска од МВР, При претресот, реализиран со судска наредба, пронајден е пиштол „глок“ калибар 9 милиметри, што го поседувал со дозвола, ловечки карабин „хајнел“ калибар 30-06 со дозвола на друго име и вкупно 136 куршуми од различни калибри.

Непосредно пред тоа, во дворот од соседната куќа, пронајдени се два пиштоли „ЦЗ“ калибар 6,35 милиметри, револвер „Смит и Весон“ калибар 45 милиметри, нож со футрола, 5 куршуми и батериска лампа со полнач, а кои непознато лице ги фрлило од прозорец од куќата на Р. М. (42) додека тој бил приведуван од полициските службеници.

Се работи на целосно расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.