Од страна на службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчеравечер се лишени од слобода Ф.Г.(34) и Н.Ж.(45), двајцата од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Како што соопштуваат од МВР, по добиена наредба од судија на претходна постапка, претходно извршен е претрес кај Ф.Г., кој бил затекнат во напуштен објект на ул.„Босна и Херцеговина“, заедно со Н.Ж., при што кај нив биле пронајдени марихиуана и две ваги, која ја подготвувале во помали пакувања за улична продажба.

Ф.Г. и Н.Ж. биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.