Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривичнa пријавa против С.Т. (33) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Во петокот на бул. „Србија“, општина Аеродром, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „Опел астра“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле амфетамини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.