Од Клиниката за Гинекологија каде  била хоспитализирана трудницата велат претходно дека двапати одбила хоспитализација. Имала и дијабет и проблеми со тироидната жлезда  кои дополнително ја влошиле состојбата со вирусот.

– Не сакала да остане зашто требало да боде хоспитализирана во делот каде што се ковид-позитивните пациенти, а таа имаше негатиен тест. Меѓутоа, лабораторијата и клиничката слика укажуваа на тоа дека таа е ковид-позитивна. Сите пациенти што се со симптоми ги третираме како суспектни и ги ставаме во делот на ковид, но не со ковид-позитивните, туку со суспектните пациенти. И покрај тоа, пациентката одбила хоспитализација и кога дојде на 23-ти утрото веќе била со мртов плод и со многу влошена лабораторија,изјави Викторија Јовановска, директор на Клиника за Гинекологија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.