Скопјанец пријавил дека непознато лице фрлило експлозивна направа кон неговата куќа, информира МВР.

Вчера околу 02:30 часот во СВР Скопје, 44-годишниот Д.С. од Скопје пријавил дека непознато лице фрлило непозната експлозивна направа кон неговата куќа, по што избегало. Од експлозивната направа била оштетена врата на гаража, дел од ѕидот на куќата, како и патничко возило „Фолксваген Голф“, сопственост на72-годишниот Ѓ.С.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.