Од власта велат “можеме” , дека сме на “прав пат”, и дека било ” нормално”, но на терен се е поинаку, напиша Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ кој е носител во Изборната единица 2.

Околу 3 часот наутро во малата продавница на главната улица во Ѓорче Петров која што моето семејство ја работи со децении, фрлена е експлозивна направа и причинета е материјална штета.

Фала му на Бога нема човечки жртви ниту некој е повреден. На свовиден начин се продолжува пироманската традиција откако претходно во текот на изборите 2017та година имаше пожар во мојот дом.

Нема да навлегувам што и како, кој е и каква е нарачката. Пораката која ја праќаат до мене пред стартот на кампањата сама си се испишува, ама одговорот е дека нема да ме поколебате, ниту исплашите! Нема потреба од нервоза, промените се незапирливи.

Македонија е мојот дом, и јас од него не се откажувам и огромен мотив плус да се сменат работите. И да на крај ќе додадам, Македонија ќе победи!, напиша Мисајловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.