Ноќва околу полноќ во СВР Скопје Г.Б.(40) од Скопје пријавил дека на 02.10.2021 околу 23.56 часот во дворно место од куќа во негова сопственост на подрачје на Чаир непознат сторител фрлил експлозивна направа која предизвикала оштетување на ограда, врата, прозорци и фасада на куќата. Нема повредени лица. Известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.
Според информациите на Телма, станува збор за синот на Амди Бајрам, Габриел Бајрам, кој претходно неколкупати пријавувал во полиција дека имал закани по телефон или на социјални мрежи. Се испитува дали заканите се поврзани со бомбашкиот напад.
Габриел Бајрам е на советничката листа на СДСМ за град Скопје на претстојните локални избори како кандидат број 10 (во Скопје се бираат 45 советници). Вториот син на Бајрам, Елвис е носител на листа на Сојузот на Ромите во општина Шуто Оризари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.