Фотографии со вулгарна содржина од малолетно девојче биле препраќани меѓу ученици во нејзиното училиште. Според информациите од МВР случајот во полиција го прифатила нејзината мајка.

Вчера жена од кумановско село пријавила дека била повикана од страна на класната раководителка и директор на основно училиште каде учи нејзината ќерка, при што и биле покажани слики на мобилен телфон со вулгарна содржина во врска со нејзината малолетна ќерка, кои биле препраќани меѓу учениците – велат од МВР.

Од полицијата посочија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.