Б.Т. (23) од Кичево утрово го нападнал неговиот сограѓанин и врсник М.К.(23). Тепачката, според полицијата, се случила на улицата „Крсте Мисирков“.
Во Општата болница – Кичево на М.К. му се констатирани повреди, а по целосно документирање на случајот, полицијата против Б.Т. ќе поднесе и соодветна пријава.
Уште една физичка пресметка е регистрирана завчера во пладневните часови кога во угостителски објект на улицата „Маршал Тито“ во Кичево три непознати женски лица го нападнале А.Б. (24) од кичевското село Грешница, вработен во локалот.
Полициската станица од Кичево презема мерки за пронаоѓање на напаѓачите, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.