Педесетгодишен жител од струшкото село Велешта и четворица албански државјани добија кривични пријави поради кражба на дрва.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека Одделението за внатрешни работи од Струга поднело кривична пријава против Е.Ќ.(50) од струшкото село Велешта и против неговото правно лице со седиште во истото село, како и против албанските државјани Л.Д.(21), О.Д.(25), М.К.(45) и Ф.М.(31).

При контрола извршена на 8 август годинава во месноста „Балески лазој“ атар на струшкото село Лабуништа, полициски службеници ги затекнале албанските државјани во бесправна сеча на букови дрва и притоа констатирале дека нелегално биле ангажирани за работа од сопственикот на правниот субјект, појасни Димоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.