Финансиската полиција спроведува истрага во две јавни претпријатија основани од Општина Тетово. Ова за „Порталб“ го потврди директорот на Финансиската полиција, Арафат Мухареми. Според информациите на порталот, во моментов истрага за можни злоупотреби се спроведува во Јавното комунално претпријатие „Тетово“ (ЈКП) и јавното претпријатие „Градски паркинг“ во Тетово, а неофицијално, Џелал Цека е разрешен од позицијата директор на ЈКП, додека директорот во „Градски паркинг“ и понатаму е ист.
Можам да ги потврдам информациите дека во моментов спроведуваме истрага во гореспоменати компании, рече за „Порталб“ Мухареми.
Директорот не открил повеќе информации, бидејќи истрагата за двете јавни претпријатија е во тек.
Порталот неофицијално дознава дека на местото на разрешениот директор доаѓа Туши Дервиши.
Од Општина Тетово исто така ја потврдиле информацијата дека во Јавното комунално претпријатие (ЈКП) има ново раководство.
На крајот на 2020 година „Порталб“ објави финансиски извештаи на ЈП „Градски паркинг“од што можеше да се види дека ова претпријатие постојано работела со загуба, дури и во време кога немало пандемија, а вкупно 25 илјади евра месечно се издвојуваат само за плати на вработените.
Јавното претпријатие „Градски паркинг“ доби согласност за да побара кредит од вкупно 100 илјади евра. Барањето за кредит беше одобрено од мнозинството во општинскиот совет, меѓутоа, дознаваме дека ниту една банка не се согласила да даде кредит.
Потсетуваме дека градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, го оправдуваше континуираното барање на оваа компанија за кредит, и рече дека ситуацијата со коронавирусот е причината поради која компанијата работела со загуба. Сепак, денес ова претпријатие е под истрага на Финансиската полиција.
Претпријатието за паркинг не работело со загуба, напротив, таа секогаш ја завршуваше годината со позитивно салдо и затоа има годишни периоди како јануари, февруари и март кога има помалку приходи заради времето, со скратено работно време, но дека компанијата обично ги компензира намалените приходи во текот на летните месеци кога имаме голем прилив и движење на граѓани и наши сонародници кои доаѓаат и ги поминуваат годишните одмори тука, така што на крајот на годината тие имаат позитивни, изјави градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи во ноември 2020 година.
И Јавното комунално претпријатие „Тетово“ на чело со поранешниот директор Џелал Цека постојано работеше со загуба и неколкупати добиваше кредити од општина Тетово. Повторуваме дека кредитот се овозможуваше од мнозинството општински советници.
Во октомври 2020 година, Јавното комунално претпријатие „Тетово“ обезбеди од Општина Тетово вкупно 26 милиони денари во форма на кредит, при што истакнаа дека со тие средства ќе бидат исплатени вработените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.