Вчера полициски службеници од СВР Битола, Оделението за недозволена трговија, надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп – одделение за недозволена трговија, во содејство со Единицата за недозволена трговија при оделението за крим полиција при Бирото за јавна безбедност Скопје, го лишија од слобода Д.Д. (36) од Прилеп, кај кого е пронајден кокаин.

На бул. „Александар Македонски“ во Прилеп, при обид да биде сопрено возило, возачот Д.Д. (36) од Прилеп се дал во бегство и низ прозорецот почнал да фрла кокаин. Потоа го сопрел возилото и продолжил да бега, при што прескокнувајќи ѕид се здобил со повреди.

По преземени мерки, лицето е лишено од слобода и по целосно документирање на случајот во текот на денот ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.