На 16.05.2019 година околу 19.00 часот, на земјен пат кон тетовското село Доброште, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево забележале возило – џип марка “УАЗ“, со тетовски регистарски таблички управувано од А.А. (61) од Добриште при што дале знак за запирање на возило.
Возилото не застанало, продолжило со движење и се обидело да удри во полициските службеници. Тие успеале да се тргнат настрана, при што испукале предупредувачки куршум во воздух.
Возилото побегнало од местото, но по преземени мерки, подоцна било пронајдено, натоварено со огревни дрва. Исто така, бил пронајден и А.А., кој бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.