Инцидент бил пријавен ноќва околу 01:15 часот. С.Г (39) од Скопје во полиција пријавил дека во нас. Илинден пред угостителски објект била физички нападната неговата сопруга М.Г. (40) од Скопје од страна на С.Д. (49) од Скопје.

Потоа С.Г. и сопругата се качиле во своето возило и се упатиле кон автопатот, а по нив тргнале напаѓачот и неколку други лица, при што удриле во задниот дел од возилото на С.Г.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.