Седумнаесетти ден сим ми се бори а убијците се на слобода. Ова денеска го напиша таткото на прободениот полицаец Филип Филиповски, во дискотека во Марино.
Тој вели дека правдата ќе ја бара на протести.
Тој деновиве напиша дека син му на кого му се извадени бубрег и слезина е дома и обвини дека синовите на Ѕвонко Цветковски го прободеле син му и шетале со џипови во неговото маало да се закануваат да не се дознае вистината.
– Како што очекував, прошетките со џиповите го постигнаа спротивното и ги сплотија уште повеќе родители, пријатели другари со истото мислење, нема да дозволиме банда да ги малтретира нашите деца, проработи родителскиот инстинкт. Законите на природата никој не може да ги смени, остануваме смирени и веруваме во институциите, ама степенот на будност е на највисоко ниво овојпат. Нешто ненормално се случува кај дечките во ножеви, мора да продолжат нашите деца слободно да живеат како до пред некој ден и мора д апобедиме за нашите деца. Не го чувавме 20 години за некој тука да му го одземе правото на живот, напиша таткото на Филип, Гоце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.