Тринаесет лица загинаа во тешката сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово, во автобус кој сообраќал на редовна линија Гостива – Скопје – Гостовар. На терен интервенирале 13 возила од Здравствениот дом Скопје и од приватните болници Систина и Неуромедика. Министерот Венко Филипче на прес-конференција рече дека повредените патници добиле прва помош на местото на настанот, а оние на кои им била потребна интервенција биле пренесувани во скопските болници.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 25 пациенти, 22 се хоспитализирани, тројца се полесно повредени и веројатно ќе бидат пуштени на домашно лекување. Четири пациенти се наоѓаат во одделот за интензивно лекување, и кај двајца се спрема хируршка интервенција. Во Ургентниот центар на скопските клиники примени се вкупно 5 пациенти, од кои тројца се во полесна состојба, една од тие пациентки е бремена жена, и таа по опсервацијата ќе биде пуштена дома. Еден од пациентите се спрема за хириуршка интервенција, а петтиот пацнет е во крајно тешка животозагрзувачка состојба и една пациентка е однесена во старата градска болница. Вкупниот број на загинати е 13.

Филипче рече дека полицијата работи на утврдување на идентитетот на загинатите. Меѓу настраданите нема деца, но има млади, на околу 25-30 години. Возачот е во свесна состојба и полицијата земала изјава од него, рече Филипче.

Седум се загинати на самото место, а пет се починати во ГОБ, претходно биле реанимирани, но за жал реанимацијата била неуспешна. Почината е и пациенткакта примена во старата градска болница и во Ургентниот центар има една пациентка во крајно тешка состојба, рече министерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.