Во болницата во Лесковац се хоспитализирани 8, а во болницата во Ниш 6 патници од македонскиот автобус, кој вчера ноќта околу 1.40 часот се преврте во близина на Лесковац. Во сообраќајната несреќа загинаа тројца патници во автобусот.

Повредените кои се во болницата во Лесковац, според министерот за здравство Венко Филипче се со полесни повреди, додека оние во Ниш се со потешки повреди, но не се во животозагрозувачка состојба.

-Во болницата во Ниш се хоспитализирани шест македонски граѓани од сообраќајната несреќа што се случи кај Лесковац. Тие се со сериозни повреди, но се стабилни. Двајца од нив се на машини за дишење, од кои едниот со повреди на главата, а другиот со повреди на вратниот р’бет. Ноќва ќе им се следи состојбата на сите што се овде хоспитализирани, а потоа ќе се направи проценка дали ќе бидат оперирани во Србија, или ќе ги вратиме во Скопје и кај нас ќе ги оперираме“, вели Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.