Седуммина повредени во несреќата при експлозијата на плинска боца во селото Романовце, во која загинаа три лица, денеска се донесени на Клиниките во Скопје. Министерот за здравство, Венко Филипче денеска ги посети повредените и ја објасни нивната состојба.
Двајца мажи на возраст од околу 60 години се на Клиниката за пластична хирургија, а две жени на 40 и 45 годишна возраст се на одделот за интензивна нега на Клиниката за анестезија и реанимација. Од тројцата пациенти во старата Градска болница, една жена на 40-годишна возраст е во одделот за интензивна нега, има и помлада жена од дваесетина години која е бремена, како и едно дете кое што има мал процент на изгореници”, додава Филипче.
Од вкупно седумте пациенти, како што рече, четворица се во навистина тешка состојба, со висок степен на изгорениците и се наоѓаат во животна опасност.
Министерот потврди дека на лице место животот го загубиле три деца, а според претходните информации станува збор за деца родени во 2009, 2011 и 2012 година.
Експлозијата настанала во 10 часот во куќата на Ш.А во село Романовце, соопшти СВР Куманово. Од експлозијата на плинската боца настанал пожар во кој три лица починале на лице место.
Од противпожарната единица потврдија дека интеренирале за гаснење на пожар во куќа во Романовце. Кај нив пожарот бил пријавен во 10.10 часот, по што пожарникарите го гаснеле до 11.10 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.