Во време на мерките за заштита од коронавирусот во Основниот кривичен суд во Скопје судењата се во тек и денес освен останатите, трае и рочиштето за случајот „Рекет”. Министерот за здравство Венко Филиче на денешната прес-конференција посочи дека судот е место каде што секојдневно има голема фрекфенција на луѓе и дека по состанокот со министерката за правда, Рената Дескоска ќе биде соопштена одлуката.
Судот е место кое навистина циркулираат голем број на луѓе, ќе разговараме со министерката за правда и дополнително ќе донесеме одлука како ќе постапиме во тој дел и ќе ја соопштиме одлуката – изјави Филипче.
И покрај мерките на Владата и на Министерството за здравство судските постапки и судењата кои беа закажани се судат во полни судници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.