Министерот Венко Филипче и медицински тимови од Здравствен дом Скопје, приватните болници Неуромедика и Систина се упатиле на местото на несреќата, во која автобус на „Дурмо турс“ се преврте од автопатот Скопје – Тетово, кај Ласкарци во близина на Сарај, каде што автобус се превртел во провалија, откако преминал на другата страна од колозовот и ја пробил оградата.

По тешката сообраќајна несреќа која се случи попладнево на автопатот Тетово-Скопје, веднаш се упатив на лице место. Упатени се сите коли на брза помош од Здравствен Дом Скопје и од приватните болници Неуромедика и Систина. Медицинските екипи се на располагање и ќе се искористат сите капацитети на здравстените установи за брза реакција.

Во тек е акцијата за спасување на преживеаните и вадење на повредени патиници. Се претпоставува дека има и жртви. Има две верзии за причините за сообраќајната несреќа. Според првата, се дупнала гума на автобусот, а според втората возачот доживеал срцев удар.

Според очевидци, има повредени патници, а луѓе им помагаат и ги извлекуваат од автобусот. Нивната здравствена состојба за сега не е позната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.