По завршувањето на денешното рочиште за случајот „Титаник 3″ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Обвинителката Фатиме Фетеи за „ТВ21″ изјави дека секој предмет на којшто работела таа е чист.
Секој предмет на којшто работев јас е чист и во ниту еден момент не може да се смета дека е вмешан во нешто криминално или сомнително, така што за предмет за што јас се борев три и пол години или повеќе, не го давам и ќе се борам до крај, изјави Фетаи.
На новинарско прашање дали таа продолжува да работи под овластувањата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, Фетаи со одговор – апсолутно, таа се уште е главна обвинителка во СЈО.
Претходно денеска, адвокатот Еленко Миланов, поднесе барање за изземање на обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски во предметот „Титаник 3″, поради, како што образложи, последните случувања во СЈО. Претседателката на судечкиот совет Марија Клетничка рече дека снимката со барањето ќе биде доставена до надлежните, согласно со законот за иземање на обвинителите, по што Јанева со решение го одби барањето за изземање на Фетаи и Бубевски.
Судечкиот совет за барањето за изземање на Јанева цени дека не може да претставува пречка за процесот, поради самостојноста на СЈО утврдено со посебен закон, како и одредбата од ЗКП за изземање на јавни обвинители.
Судењето за уништување изборен материјал на локалните избори во 2013 година, каде обвинети се тогашните членови на општинската изборна комисија во Чаир Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, „Титаник 3″ продолжува на 26 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.