По куса потрага полиција го пронајде лицето кое утрово ѝ избега на затворската полиција додека бил спроведуван во Кривичниот суд. Со лисици на рацете тој бил пронајден во околината на Кривичниот суд, потврдија за МКД.мк од Министерството за правда.
Лицето не успеа да стигне далеку и е пронајдено сокриено на една локација во близината на Судот со лисиците на рацете, изјавија од Министерството за правда.
Инаку, бегалецот беше донесен утрово од притвор, а е осомничен за криумчарење на мигранти. Сега, покрај за делото кое му беше ставено на товар, кривично ќе се гони и за делото обид за бегство. Воедно, ќе се испитуваат и околностите под кои се случи бегството и евентуалната одговорност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.