Полицијата во Скопје привела дилер и девојка којашто од него купила марихуана.
На ул.„Анастас Митрев“ во Скопје, вчера во 14.40 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи ги лишиле од слобода А.С.(26) и А.Л.(22), двајцата од Скопје.
На наведената улица А.С. бил забележан како на А.Л. ѝ дава марихуана, а таа нему пари, соопштија од Министерството за внатрешни работи. При нивен преглед, кај А.С. биле пронајдени пари, додека кај А.Л. била пронајдена марихауна и дробилка со остатоци од марихуана – информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот против А.С. ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.