Дежурните екипи на Инспекторатот на Град Скопје вечерва откриле лица кои палеле кабли под Калето. Главниот инспектор на Град Скопје Мирослав Богдановски за МИА изјави дека тие се фатени и санкционирани.

Екипите на Инспекторатот на Град Скопје лоцираа лица кои вршеа спалување на кабли. Истите се дадоа во бегство при што нивното возило беше оставено. Во координација со МВР лицата се фатени и се санкционирани. Нема компромис и милост во борбата за чист воздух, се наведува во Фејсбук-објавата на Инспекторатот на Град Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.