Две лица од Кочани се уапсени откако биле фатени додека извршуваат тешка кражба.

Денеска полициски службеници од полициската станица Кочани ги лишиле од слобода А.В.(26) од Кочани и 15-годишен малолетник, затоа што во 11.30 часот биле затекнати при вршење на кривично дело „тешка кражба“ во обид од плац на ул. „Македонска“ во Кочани – информираат од МВР.

По комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.