Вчера во 15.00 часот во Полициска станица Струмица е лишен од слобода Т.М. (34) од село Баница, осомничен дека го управувал патничкото возило „форд ескорт“, со скопски регистарски ознаки, кое ден претходно на ул.„Никола Тесла“ во Струмица удрило во четиригодишен пешак, соопштија денес од МВР.
Во вторникот околу 18:00 часот возачот на автомобилот побегнал откако удрил во детето. Подоцна од страна на полициски службеници возилото беше пронајдено.
По укажана лекарска помош во Медицински Центар Струмица заради карактерот на повредите детето е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.