Полицијата завчера го привела А.Ф.(37) од Скопје, за кого е распишана потерница од Одделението за криминалистички работи Гази Баба, поради сомнение за сторени повеќе тешки кражби во викенд куќи на подрачјето на Гази Баба.
Од страна на Одделението за криминалитсички работи Гази Баба, соопшти денеска МВР, расчистени се девет кривични дела тешки кражби, во викенд куќи, со материјални докази.
Со кривична пријава по брза постапка пријавениот А.Ф. е спроведен на распит пред дежурен јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје, се наведува во соопштението од МВР.
По распитот, А.Ф. е спроведен кај судија на претходна постапка во Кривичниот суд Скопје и по изведените докази нему му е одредена мерка притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.