Возило марка „ауди“ фатено на радар како се движи со 230 километри на час од страна на полициски службеници.
Министерството за внатрешни работи во изминативе денови спроведува засилени акциски контроли на делницата Јажинце-Тетово-Гостивар-Дебар, соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
Портпаролот на МВР на денешната прес конференција посочи дека во текот на вчерашниот ден (23.04) санкционирани се вкупно 234 возачи поради возење со брзина поголема од дозволената, од кои 23 се движеле со брзина од над 70 километри на час над дозволената брзина, а 111 со брзина над 50 километри на час над дозволената брзина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.