Полицијата привела крадец кој попладнево нападнал жена во скопската населба Бутел 1 и притоа ѝ украл златен ланец.
Од полицијата информираат дека станува збор за 22-годишен скопјанец со иницијали Ф.С.
Тој кратко пред да биде приведен, на крстосницата помеѓу улиците Хо Ши Мин и Лазо Дренков ја нападнал М.Л. и од неа украл златен ланец – информираат од МВР.
По приведувањето, Ф.С. го признал делото и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.