Вчера во 11.30 часот на улица „Филип Втори Македонски” во Скопје од слобода е лишен Г.П.(33) од Куманово, сторител на повеќе кривични дела.
По извршен разговор, Г.П. признал дека на 21 декември во приватна здравствена установа лоцирана на подрачје на Кисела Вода во Скопје, од чанта одзел новчаник во кој имало 15,000 денари како и две платежни картички.
По извршеното кривично дело со едната картичка купил производи во вредност од 30,000 денари додека со другата имал неколку неуспешни обиди за купување. По извршениот разговор, од лицето се одземени неколку картички од банки кои не се на негово име, одземени се исто така и парични средства. Кај Г.П. исто така е пронајдена и бела прашкаста материја. Против него, по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.