Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 13.30 часот на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје го привеле Г.Б.(31) од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
За него, како што се посочува, била распишана централна потерница за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.
Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната, стои во соопштението од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.