Во три спортски обложувалници во Струга биле пуштени во оптек фалсификувани евра.

Според пријавата во полиција, во трите обложувалници во периодот од 21.00 до 21.30 часот влегле по три лица и од вработени размениле фалсификувани банкноти од по 100 евра.

Банкнотите биле подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.