СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.А.(37) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“.
Пријавениот, во текот на 2019, набавил парфеми со ознаки на заштитени трговски марки, а немал склучено договор со компанијата – сопственик на тие брендови, или со овластени правни лица – застапници на заштитените марки на територијата на Р.Македонија, при што нелегално набавените парфеми кои не биле оригинални, имал намера да ги продава на купувачи како да се оригинални, со што имал намера да се стекне со противправна имотна корист
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.