Четиригодишната Ева од гостиварското село Дебреше вчераутро ја побара мајка си веднаш штом се разбуди. Во средата вечерта едвај заспа без неа. Никогаш претходно не спиела сама со татка си и со помалото братче. Вака „Независен весник“ ја започнува репортажата од Гостивар, кој овие денови е како град на духови.
Ева едвај ја убедиле дека нејзината мајка морала да остане на работа и дека ќе дојде штом ќе заврши со обврските.
Сè уште никој нема храброст да ѝ каже дека мајка ѝ Валдете веќе никогаш нема да го пречекори куќниот праг. Животот на 29-годишната жена сурово згасна во автобуската несреќа што се случи завчерапопладне во близина на селото Ласкарци, при што 14 лица загинаа, а триесетина се здобија со повреди.
Валдете Хамити е од селото Дебреше, кое е практично споено со Гостивар. Всушност, таа е со потекло од Тетово, но љубовта ја натера да се пресели триесетина километри подалеку. Била вработена на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Била среќно мажена, горда мајка на две деца: малата Ева и десетмесечниот Лавдим.
Потресното сведоштво на семејствата и пријателите на трагично загинатите патници прочитајте го на „Независен весник“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.