Основното јавно обвинителство од Скопје поднесе кривични пријави против македонски државјанин родум од кичевското село Турин, кој од МВР е осомничен за незаконско прислушкување и тонско снимање, како и за неовластено снимање.

Според ОЈО, кичевчанецот кривичните дела ги извршува од Чикаго, САД каде преку неговиот фејсбук профил „Ел Чека“ неовластено објавува снимани материјали.

По проучување на наводите во кривичната пријава, констатирано е дека стварно и месно надлежно за постапување е ОЈО Кичево, поради што пријавата е проследена до ова обвинителство. Имајќи ја предвид итноста за заштита на правата на оштетените, Основното јавно обвинителство Скопје на 31 мај годинава, изготви и достави барање за меѓународна правна помош со цел обезбедување на потребни податоци од профилот на социјалната мрежа. Обвинителството побара од надлежните органи во САД да преземат мерки да не се објавуваат сниманите материјали“ извести ОЈО.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.