Секторот за меѓународна полициска соработка, при Министерството за внатрешни работи, во соработка со германската полиција, во Хамбург го приведе и преку екстрадициска постапка го донесе во земјава лицето Ѓ.М. за кое се трагаше со осум потерници.

Како што информираат од МВР, Ѓ.М. е осуден на затворска казна со вкупно времетраење од 20 години за извршени тешки кражби и криумчарење мигранти.

Покрај тоа, во рамките на оперативната акција „Бегалец“ МВР презема интензивни мерки и активности за пронаоѓање и приведување лица, кои се бараат за издржување на затворска казна на територијата на државата.

Во периодот од 15 септември до 20 октомвриприведени се над 100 лица за издржување на затворска казна до 10 години и тиесе спроведени во казнено поправните институции, велат од МВР и додаваат дека Одделението за потраги при Секторот за меѓународна полициска соработка продолжува со интензивните мерки и активности за пронаоѓање и приведување на лицата кои се бараат со потерници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.